евакуира (св. и несв.)
Општинската управа со целиот персонал требаше да се евакуира пред војската.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во првата фаза беше одредено да се евакуираат децата, жените и старците, додека другите ќе останат во селото до втората фаза за да не опустошат куќите.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Дел од нив биле евакуирани, а еден дел останале и понатаму и известувале за состојбите во Македонија, а особено за пројавените идеи од страна на македонското политичко и воено раководство за обединување на трите дела на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Меѓутоа, Германците лоцирани во селото Негуш презеле напад кон Каракамен и мисијата на капетанот Камерон била евакуирана од Каракамен на Кајмакчалан заедно со Кларк.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Од градот се евакуираат повидните турски фамилии.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)